Македонскиот ,,звучен ураган” Илина победи на оперски натпревар во Италија

Младата македонската сопранистка Илина Митревска победи на оперски натпревар со огромна традиција во градот Алкамо.



Илина Митревска која својата кариера ја гради во Италија и Македонија на Сицилија победила на музички натпревар во конкуренција на 47 други учесници.

,,Неверојатно сум среќна и благодарна што ја освоив наградата „Најмлад финалист“ на меѓународниот натпревар „Città di Alcamo“, како и Специјалната награда/прилог за фестивалот „Luglio Musicale Trapanese“. ✨🏅Беше чест да бидам дел од едно вакво натпреварување, со 47 учесници и традиција во која некои од моите идоли се претседатели на жирито – како Џоан Сатерленд, Еда Мозер, Фиоренца Косото, Рајна Кабаиванска и Гена Димитрова – Да се ​​биде меѓу толку талентирани гласови и автентични уметници беше навистина инспиративно! Честитки до сите учесници и победници!❤️🫶Овој натпревар се издвојуваше по почитта кон пејачите и чесното жири. Искрена благодарност до мојата неверојатна, посветена професорка.
Ви благодарам, @concorsolirico И ви благодарам, прекрасно сицилијанско време”, вели Илина Митревска за настапот и победата.

Илина Митревска предходно имаше самостоен концерт во Рим каде поради своите гласовни способности и емотивен настап го доби епитетот ,,музички ураган”.

Илина не е само сопран: таа е звучен ураган – Божиќен концерт на Македонката во Рим

Вечерва во охридска Св. Софија концерт на суперталентираната Илина