Македонскиот амбасадор во Москва на стенд-бај

Македонскиот амбасадор во Москва Гоце Карајанов ја чека одлуката на руските власти кои најавија соодветни мерки против одлуката на Македонија и другите земји кои што протераа руски дипломати.



Доколку рускиот претседател Путин одлучи да возврати со реципроцитет амбасасорот Карајанов може ќе биде протеран од Москва затоа што до неодамба тој бил единствен дипломат во амбасадата. Останатите вработени биле руски државјани без дипломатски статус.

На местото на Карајанов можеше да биде и неговиот шеф министерот Димитров кој во 2014 година беше именуван за амбасадор во Руската Федерација од тогаш владеачката ВМРО – ДПМНЕ.