Македонски одговор до бугарскиот политичар кој спие на златни прачки и стотици илјади евра

По барањето од Софија член на македонската влада да си замине заради изјава контра Бугарија дојде македонски одговор до бугарскиот политичар кој спиел на златни прачки и стотици илјади евра.



,,Секогаш ќе ги браниме МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ. Ние ништо туѓо не бараме, ама сакаме да го заштитиме нашето”, порача денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски по барањето од Бојко Борисов тој да замине од македонската влада заради напад врз Бугарија.

,,Непотребно Македонија ја внесуваат во предизборната тематика во Бугарија и најмалку мислам дека Македонија може да е одговор на седмите неуспешни избори со кои се соочува Бугарија. Кризата во бугарското општество е создадена од токму овие политичари кои што, наместо да дадат одговор на домашната јавност за високиот степен на корупција и криминал кој што го има во Бугарија, за лошата економија поради која многу заминуваат, тие сакаат да се занимаваат со Македонија.

Нивното занимавање со Македонија, всушност покажува дека ниту сакаат добрососедство, ниту сакаат Македонија да стане член на Европската Унија, уште по малце да напредува кон Европската Унија. Тие сакаат да ја блокираат Македонија и да ја користат Македонија како своја предизборна тема”, вели Николовски во изјавата.

,,Наша цел е Македонија да напредува, да стане членка на Европската Унија, да го изоди патот кон Европската Унија, но тоа да биде гордо и достоинствено, а не понижена.

Од мене бараат оставка политичари кои што се обвинети за криминал и корупција, политичари кои што ги видовме на слики како спијат на кревет покрај пачки со злато и стотици илјади евра во девизи”, вели Николовски.

Целата изјава на овој линк

https://www.facebook.com/share/v/VxXN3Lg2icGTt9Mh/