Српскиот весник „Новости“ во својот денешен број пишува за зголемени активности на странските тајни служби во земјата, меѓу кои ја издвојува македонската.
„Разузнавачките служби на Америка и на Велика Британија го зголемија своето присуство, и тоа преку клучните експоненти – македонските и хравстките агенти, дознаваат ‘Новости’ од безбедносни кругови“, почнува текстот во кој се наведува дека за странските шпиони најинтересни за следење се факторите што имаат влијание врз дијалогот меѓу Србија и Косово, како и воената соработка со Русија, економската со Кина и аспирациите за независност на Република Српска.
Се следат и Српска академија на науки и уметности (САНУ), Српска православна црква (СПЦ), а има интерес дури и за можното обединување на опозицијата за претстојните локални избори во Белград, пишува „Новости“.




