Македонските репрезентативци во пливање ќе настапат на престижниот Комен Куп 2025, кој оваа година ќе се одржи од 20 до 22 јуни во Белград, Србија. Овој натпревар е еден од најзначајните меѓународни собири за млади пливачи од медитеранскиот регион и претставува клучна проверка за идните спортски надежи.
Нашиот национален тим ќе биде претставен од талентирани пливачи кои со својата посветеност и напорни подготовки го заслужија правото да го носат државното знаме на овој елитен настан.
Нашите претставници: Калина Трпчевска (100,200, 400м слободно) Георгина Ставреска (400,800м слободно) Калина Димитровска (200,400,800 слободно) Неда Миленковска (100м сободно , 100 и 200м делфин) Никола Велковски (100, 400м слободно, 200 мешано) Андреј Калкус (200, 400м слободно) Давид Јовановски (400м слободно, 100м грбно) Леонел Илиев (200, 400м мешно) како и тренерите Јане Карајованов, Иван Банов и Бошко Томовски имаат јасна цел: достојно претставување, нови лични рекорди и зголемување на меѓународното искуство.
Оттаму искажувааат посебна благодарност до Министерството за спорт и до Сојузот на спортски федерации на Македонија за нивната поддршка, која овозможи учество на нашата репрезентација и достоинствено претставување на меѓународната сцена.






