Колку Грците се упорни да ни ја наметнат референцата ФИРОМ на меѓународните натпревари, толку македонските спортисти се поинвентивни во нејзиното заобиколување, како што покажа претставничката на Македонија на младински бадминтон турнир во Нови Сад. На свеченото отворање таа едноставно го покри префиксот, па на таблата со името на државата остана да пишува само „Македонија“.
На турнирот настапија и бадминтонци од Грција и од Кипар, но тоа не ѝ пречеше на нивната врсничка од Македонија да се спротивстави на фиромизирањето на нејзината земја, а начинот на кој го стори тоа стана хит на социјалните мрежи.





