Македонија ќе станела „кантон“ на Грција!

Бугарски медиуми му отстапуваат голем простор за настаните околу интензивираните преговори за името и посетата на посредникот Метју Нимиц на Атина и на Скопје.



Преговорите меѓу Атина и Скопје не се само за името, туку и за иднината на Македонија, бидејќи договорот меѓу двете земји предвидува промени во македонскиот Устав и регулирање на трговските, економските и политичките врски, пишуваат бугарски медиуми повикувајќи се на извори од Грција.

Македонија ќе стане нешто како кантон на Грција, откако Никос Коѕиас, пишуваат дел од нив, на посредникот Метју Нимиц му предложил варијанта „Република ГорнаМакедонија“, без превод на англиски,за прифатливо решение на спорот за името.

Нимиц, понудил пет предлози како решение за нивно име, но за Атина наприфатливо било само Република Вардарска Македонија.

Од спротивната страна, „Скопје инсистира на Република Нова Македонија“, пишува „Вести.бг“.

Порталот пишува дека договор веќе бил подготвен и дека двете страни се согласиле за сè, вклучително и промената на македонскиот устав и за отстранување на иредентистичките текстови во него.

Порталот пренесува став на атинска „Ефимерида“ дека до 20-ти март договорот мора да биде предложен во ОН.