За околу 100 километри би се скратило растојанието до јадранското пристаниште Драч, со новиот автопат Арбри кој перспективно ги ги поврзал Тирана и Скопје.



„Тоа е делница преку која би имале побрз пристап до пристаништето во Драч кое нуди подобра и поконкурентна понуда од пристаништето во Солун и фирмите ќе можат да имаат многу големи придобивки“, вели за ТВ21 претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа.

 

Албанскиот премиер Еди Рама, деновиве изрази надеж дека за автопатот ќе се заинтересираат и македонските власти.

Проектот постои од 2008 година, но тој се уште не е усвоен од страна на македонската влада, па поради тоа од оваа страна на границата градежни работи за оваа делница нема.