Младата репрезентација на Македонија го освои шестото место на Светското првенство во Алжир откако во дуел за петтата позиција беше поразена од Унгарија со 26:22. Нашите репрезентативци добро го започнаа натпреварот, беа во водство десетина минути, но тогаш меќот го презедоа Унгарците и го контролираа резултатот во текот на целото продолжение.



Репрезентацијата на Шпанија, пак, е победник на Светскиот шампионат откако во драматично финале по две продолженија младите шпански ракометари ја победија Данска со 39-38.Во регуларниот дел, натпреварот заврши нерешено 34-34.

МВП на шампионатот е Данецот Ласе Мелер кој постигна 11 гола во финалето и ја освои титулата најдобар стрелец со вкупно 76 погодоци на девет натпревари. Најдобри стрелци во Македонскиот состав беа Филип Талевски со 41 и Филип Кузмановски со 33 гола.