Македонија четврта во светот според бројот на барања за азил по жител

Со 6.760 барања за азил во 2023 година, Македонија се најде на четвртото место во светот според бројот на апликации по жител, а најпосакувани дестинации за македонските азиланти се Германија, Италија и Франција, покажуваат податоците на Евростат.



Само во Германија во моментов има околу 220 илјади мигранти со македонско потекло или 68 илјади повеќе во однос на 2022 година!

Светски лидер е Сирија со 874 барања за азил на 100 илјади жители, пред Грузија со 668 барања, а трета е Албанија.