И без најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска, Македонија ја декласира Литванија со 34:24 во арената „Борис Трајковски“ во Скопје и како второпласирана во петтата квалификациска група се избори за своето седмо учество на европските првенства.
Емилијана Ризоска со 6/6 и Андреа Седлоска со 6/11 бера најефикасни во составот селектиран од Кристијан Грчевски.
Првото ЕП со 24 селекции ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември годинава во Австрија, Унгарија и Швајцарија.






