Цената на струјата за домаќинствата во Македонија во првата половина од годинава била средно висока меѓу седум земји од регионот, покажуваат податоците на Евростат.
Со 10,4 евра за 100 киловатчаса електрична енергија, Македонија во првите шест месеци имала значително повисока цена од Косово, каде што таа чинела 7,4 евра, но и од Босна и Херцеговина (8,5) и од Црна Гора (9,7).
Поскапа струја за домаќинствата од Македонија имале Србија (10,8 евра за 100 киловатчаса), Албанија (11,1) и Хрватска (14,7).






