1 отсто економски раст во 2023 година ја смести Македонија на дното од земјите во регионот,а
Според Светска банка, ќе испорачаме најнизок економски раст и годинава, од 2.5 отсто. Во 2025, растот ќе биде 2.9 отсто.
Во сите други држави од Западен Балкан економијата годинава ќе порасне за над 3 отсто
Од Светска банка велат дека во Македонија е проблематично зголемувањето на буџетскиот дефицит, кој е највисок во споредба со останатите.
Инфлацијата се проектира на 3 отсо, а враќање на 2 отсто се очекува во 2025.
Голем ризик за подгревање на инфлацијата е зголемувањето на платите повеќе од продуктивноста.
Од банката посочуваат дека треба да има структурни мерки, а не замрзнување на цени кои се само краткорочни мерки.
Светска банка апелира да се работи на зголемување на домашното производство за да се намали увозот.
Според нивните истражувања секое второ домаќинство во регионот едвај преживува.






