Двократниот светски шампион и двократен европски првак Шпанија е зад Македонија во конечниот поредок на 29. Светско првенство за ракометари, на кое Македонците го освоија 15. место, а освојувачот на 19 медали на големите натпреварувања заврши на 18. позиција!



Шпанците во последното коло од главната фаза загубија со 26:25 од првиот јужноамерикански четвртфиналист Бразил, а меѓу осумте најдобри се протна и соорганизаторот Хрватска со победата од 29:26 над Словенија во Загреб.

За „црвената фурија“ ова е најлошиот пласман на планетарните шампионати.

Од 9. до 24. место се пласираа Исланд, Норвешка, Швајцарија, Холандија, Словенија, Шведска, Македонија, Италија, Австрија, Шпанија, Чешка, Аргентина, Катар, Тунис, Зеленортски Острови и Чиле по тој редослед.

Двојки за четвртфиналето: Франција – Египет (вторник, 17:30 ч.), Хрватска – Унгарија (20:30 ч.), Данска – Бразил (среда, 17:30 ч.) и Португалија – Германија (среда, 20:30 ч.).