Министерството за надворешни работи со длабока загриженост ги следи најновите случувања на Блискиот Исток.
Според соопштението на МНР Македонија го потврдува правото на Израел да се брани од закани за неговата безбедност и најостро ги осудува сите напади насочени кон цивили.
Во објавата МНР дава поддршка за обидите на Америка да изнајде дипломатски решение на конфликтот.
,,Апелираме на воздржаност, прекин на непријателствата и итни дипломатски напори за спречување на понатамошна ескалација и враќање на регионалната стабилност. Изразуваме целосна поддршка за лидерството на САД во унапредувањето на дипломатските решенија во координација со регионалните и меѓународните партнери”, се вели во соопштението на МНР.






