Според страницата Ворлд еар квалити индекс (World air quality index) која го мери индексот на квалитетот на воздухот во реално време, утрово нашата земја по загаденост на воздухот е меѓу првите 30 најзагадени во светот.
Загадено е во Скопје, но и во Кичево, Битола и Гостивар, па и Гевгелија. главниот град се наоѓа во портокаловата зона со категоризирање на воздухот како штетен за лицата со чувствително здравје и хронични заболувања.






