Бобан Илиоски и Стефан Михајловски се пласираа во полуфиналето во своите категории и со тоа обезбедија најмалку бронзени медали за Македонија на Европското сениорско првенство во кикбокс што се одржува од 1 до 10 ноември во Атина.
Илиоски во дисциплината лоу кик, во категоријата до 86 килограми, го совлада Петар Јаман од Хрватска и за настап во финалето ќе се бори со Гркот Христос Филис.
Михајловски во кик лајт, над 94 кг, беше убедлив против Штефан Тикс од Германија и меч за европската титула ќе „брка“ против Серхиј Бабенко од Украина.






