Како што expres.mk објави пред една недела македонскиот амбасадор во Обединетите Нации Василе Андоновски не беше меѓу „Земјите пријатели“ на САД на приемот организиран во мисијата на САД во Њујорк вчера.
Поканата за приемот беше испратена само до 64 земји кои што гласаат против или беа воздржани за резолуцијата против одлуката на американскиот претседател Трамп кој го призна Ерусалим за гравен град на Израел. Македонија на гласањето гласаше против позицијата на САД.
Во врска со приемот мисијата на САД во ОН испрати јавна порака која што може да се толкува на повеќе начини меѓу кои и тој дека САД нема да им заборават на тие земји што не ја поддржаа на гласањето.
„Лесно е за пријателите да бидат со вас во добри времиња, но пријателите кои се со вас за време на тешки времиња се тие кои што никогаш нема да бидат заборавени. Ви благодариме 64“, е официјалната порака на САД од Обединетите Нации по приемот на кој од регионот присуствувале Хрватска и Босна и Херцеговина кои што за разлика од Македонија не се одлучија да влезат во конфликт со САД.
Според македонската влада одлуката за спротивставување на претседателот Трамп е донесена затоа што биле следени позициите на ЕУ.
Претседателот Иванов иако го потпишува указот за испрашање на амбасадорите и има уставна и законска одговорност во надворешната политика, според неговиот кабинет воопшто не бил консултиран за начинот на гласањето на Македонија против САД.





