Македонија настрадала и не добила соодветна поддршка од САД во еден важен дел од спорот за името затоа што Вашингтон морал да ја стабилизира владата на Мицотакис.
Ова го покажува документот кој го објавува австралискиот новинар со македонско потекло Саша Узунов.

Декласифицираниот документ од Белата куќа на САД кој го објавува Узунов открива што на 21 Март 1992 година во Кемп Дејвид за Македонија и за други теми разговарале тогашниот американски претседател Џорџ Буш Сениор и германскиот канцелар Хелмут Кол.
Покрај Буш и Кол на средбата е и американскиот државен секретар Џејмс Бејкер и други високи американски и германски функционери.
Според документот од Март 1992 година кој сега е достапен за јавноста германскиот канцелар Кол му кажува на американскиот претседател Буш сениор дека Германија ќе му помогне на грчкиот премиер Константин Мицотакис против Македонија околу прашањето за името.
Претседателот Буш според записникот вели дека Мицотакис е премногу важен!
Германскиот канцелар Кол во разговорот вели дека во врска со Македонија решението е блиску но се уште останува проблем името Македонија.
Буш во разговорот вели дека имал телефонски разговор со тогашниот грчки премиер Константинос Мицотакис кој е татко на сегашниот грчки премиер Киријакос Мицотакис.
Според транскриптот кој делумно е покриен, Мицотакис вели дека му е потребно повеќе време во Буш не можел да го дозволи тоа. Неговата идеја била до Април 1992 да се признаат Хрватска и Словенија, по нив и Босна а потоа да се бара Грција да работи на проблемот со Македонија.
На тоа Кол одговара дека тој сака да му помогне на Мицотакис со името.
Државниот секретар Бејкер на тоа вели дека Португалија работела на решение, дека португалците прават добри напори и дека го истражуваат спорот за името.
Кол вели дека би сакал да му помогне на Мицотакис но дека не може да одложува уште 6 месеци.
,,Важно е да ја стабилизираме владата на Мицотакис”, вели Кол на што Буш одговара: “Се согласувам, Мицотакис е многу важен”.
На овој состанок во Кемп Дејвид на кој американскиот претседател и германскиот канцелар практично Македонија е осудена да биде жртва во македонско грчкиот спор за името.
Во 2004 година синот на Буш постариот ја призна Македонија под уставното име Македонија но тоа траеше се додека владата на СДСМ со премиерот Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров не го потпишаа Преспанскиот договор со кој Македонија стана северна.
Најчитани статии
Голема доза на мистерија во пораката од вицепремиерот до екс претседателот






