Мина Блажев ќе ја претставува Македонија на 15. детски Евровизиски фестивал кој годинава се одржува на 26 ноември во Тбилиси. Песната што ја изведува девојката што имаше многу успешен настап во шоуто „Ѕвездичките на Пинк“ ќе ја исполни „Dancing Through Life“ која ја компонираше и продуцираше Александар Масевски. Песната ќе има две верзии и е отпеана и на македонски и на англиски.