Македонија и две други земји утре можат да влезат во ЕУ, европски премиер не прифаќа Украина да има приоритет пред нив (ВИДЕО)

Наместо да ги прими трите земји Македонија, Србија и Црна Гора Европа и дава приоритет на Украина што е опасно и затоа ние нема да се согласиме со тоа, вели премиерот на Унгарија Виктор Орбан во интервју.



Орбан смета дека недозволување на влезот на трите земји во ЕУ е опасен процес кој тој нема да го прифати.

,,Србија, Црна Гора и Македонија утре би можеле да се приклучат на ЕУ, што ќе донесе огромни економски придобивки за сите страни. Брисел ги игнорира, наместо тоа и дава приоритет на Украина. Ова не само што е непромислено, туку и опасно. Ние не го прифаќаме тоа”, вели Орбан во интервјуто.

Делот од интервјуто на оваа тема кој го објавува самиот Орбан на овој линк

https://x.com/PM_ViktorOrban/status/1900512566004084879?t=lxsNdC3K_wKufzDvi_opwA&s=19