Балканските земји имаат високо ниво на учество на граѓаните на социјалните мрежи но нивните дипломатии не ги користат социјалните и дигиталните мрежи за подобра комуникација со своите граѓани, за презентирање на владините политики и државно претставување во светот.
Според „Digital Diplomacy review“ за 2016 година Македонија е пласирана на 118 место од 210 земји каде се мери нивото на дигиталната дипломатија.
Ова мерење кое што го покажува и нивото на отвореност, отчетност и транспарентноста на дипломатиите и владите во контекст на надворешната политика покажува дека пред Македонија се Албанија на 43 место и Косово на 71 место, а на листата пред нас е и Србија на 94 место.
Од останатите земји од Западниот Балкан зад нас се Босна и Херцеговина (141) и Црна Гора (144).
Најчесто користените механизми во дигиталната дипломатија се профилите на Твитер и Фејсбук како и на останатите социјални мрежи преку кои што се комуницира со јавноста.




