Министерот за надворешни работи на Холандија Берт Кундерс минатата недела „работеше“ како неформален македонски промотор на домашното црно вино кое што го однесе во емисијата на двајцата популарни холандски ТВ водители Роб Де Вијк и Аренд Јан Боекестијн.

Во една од најгледаните холандски тв емисии нашето вино и винарии добија најдобра можна бесплатна реклама, лично шефот на холандската дипломатија пред холандската јавност го откри, за овој пазар помалку познатото македонско вино.

Министерот Кундерс пред изборите во декември преку видео порака се обрати до македонската јавност со барање да гласа против корупција и за владеење на правото а еден од водители на емисијата Роб Де Вијк е дел од Центарот за стратегиски студии во Хаг каде што сегашниот шеф на македонската дипломатија Никола Димитров беше амбасадор на Македонија од 2009 до 2014 година.
Десетина дена по именувањето за министер Димитров беше примен од Кундерс во Хаг.
Видео најава на емисијата
Waar staat Nederland op het nieuwe wereldtoneel? Minister Koenders vertelt het vanavond in WNL's Weg van de Wereld, om 22.40 uur op NPO 2! pic.twitter.com/60SygDbqqO
— WNL Vandaag (@WNLVandaag) July 1, 2017



