Македонија водечка во светот по одбивноста за прием на бегалци

Според истражувањето на „Галуп“, Македонија е на врвот во светски рамки меѓу земјите во кои мигрантите не се добредојдени, односно постои многу мала подготвеност за прием на бегалци.



Македонскиот индекс на прифатливост на мигранти е 1,47. Следуваат Црна Гора со 1,63, па Унгарија со 1,69, Србија со 1,80, Словачка со 1,83, Израел со 1,87 итн.

Најотворени за прием на бегалци, според истражувањето на „Галуп“, се Исланд со индекс 8,26, потоа Нов Зеланд со 8,25, Руанда со 8,06, Сиера Леоне со 8,05, Мали со 8,03 итн.