Македонија бара Грција да се воздржи од објава на финални решенија

Македонија апелира во пресрет на посетета на специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц, на регионот грчката страна да се воздржи од јавно соопштување крајни позиции кое може да го намали просторот за разговори.



Ова преку државната информативна агенција го бара шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

„Од наша страна има добра волја за заемно прифатливо решение што ќе ги почитува интересите, достоинството и идентитетот на двата народа. За да дојдеме до решение ќе биде нужна добра волја и од другата страна“, велат од кабинетот на Димитров.

Вчера грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас на државната телевизија ЕРТ најави дека Грција во февруари ќе ѝ достави на Македонија спогодба во четири точки, што според Атина треба да биде основата за решавање на прашањето за името и отворање на патот на Македонија кон НАТО и ЕУ.