Croatia vs North Macedonia, Friendli match during preparation IHF World Championship 2025, Varazdin, Croatia, 08.01.2025., Mandatory Credit © Jozo Cabraja/ kolektiff

И машката, и женската репрезентација на Македонија се најдоа на 19 место на најновата ранг-листа на Европската ракометна федерација (ЕХФ), на која поредокот е направен врз основа на настапите и пласманите на последните две европски и светски првенства во изминатите четири години.



Машката репрезентација собра 27,75 поени за 15. место на неодамнешното СП и за 27. на СП 2023, како и за 17. место на ЕП 2024 и за 22. на ЕП 2022.

Во конкуренција на 47 селекции прва е Данска со 122 бода, пред Франција со 105, Германија со 82, Шведска со 79, Хрватска со 73, Унгарија со 66,5, Португалија и Норвешка со по 65, Исланд со 58, Шпанија со 56. Пред избраниците на селекторот Кирил Лазаров се и Словенија со 53, Холандија со 43, Австрија со 38,5, Црна Гора со 30,5, Швајцарија и Полска со по 30, Чешка со 29,5 и Србија со 29.

Женскиот национален тим на Македонија, пак, има 23 поени за 18. место на ЕП 2024 и за 16. на ЕП 2022, а на двата последни мундијали не избори учество.

Меѓу 50 женски репрезентации води Норвешка со 116 бода, втора е Франција со 103, трета Данска со 102, а во топ-10 се уште Шведска со 86, Холандија со 77, Германија со 74, Унгарија со 67, Црна Гора со 66, Шпанија со 51 и Словенија со 49,5. Пред македонските ракометарки се и Романија со 43,5, Полска со 42, Чешка со 41, Хрватска со 34,5, Австрија со 29,5, Швајцарија со 29, Србија со 28,5 и Исланд со 24.