Здраво @alexandre
Rumble нема да се усогласи со вашите незаконски наредби. Наместо тоа, ќе се видиме на суд.
Војната за слобода на говор стана глобална.
Румбл нема да биде малтретиран од судијата на Врховниот суд на Бразил, Александре Де Мораес.
Ќе се бориме за креаторите, ќе се бориме за слобода на говорот и ќе се бориме за Американците.
Ова е пораката што на. Рзиалкиот врховен судија му ја упати Крис Павловски Македонец кој е сопственик на видео сервисот Рамбл кој е дел од најблискиот круг околу претседателот Трамп.
Павловски порака ја упати додека Групата за медиуми и технологија Трамп (DJT.O) на претседателот Доналд Трамп, покрена тужба против судија на Врховниот суд на Бразил поради обвиненија за незаконска цензура.
Случајот доаѓа додека судијата Александре де Мораес ги разгледува обвиненијата покренати во вторникот, според кои поранешниот претседател Жаир Болсонаро инаку близок на Трамп водел заговор за соборување на бразилската влада и за поткопување на демократијата во земјата по неговиот пораз на изборите во 2022 година.
Во тужбата на Трамп Медиа, поднесена во Окружниот суд на САД во Тампа, се тврди дека претходните наредби на судијата „цензурираат легитимен политички дискурс во Соединетите држави“.
Румбл на Павловски во соопштението вели дека Мораес „ја прекршил заштитата на слободата на говорот од Првиот амандман кога наредил суспендирање на сметките со седиште во САД на одреден добро познат, политички отворен корисник“.
Во соопштението Рамбл не го именуваше лицето кое е жртва на цензура.
Последниве години, Мораеш донесе многу пресуди со кои ги блокираше сметките на социјалните мрежи додека ја предводеше крстоносна војна против перцепираните напади врз демократијата и политичката употреба на дезинформации во Бразил.
Врховниот суд на Бразил и канцеларијата на Мораеш засега не одговораат на барањата за коментар.
Републиканскиот претседател на САД е мнозински сопственик на Трамп Медиа, која ја води неговата приватна платформа за социјални медиуми Truth Social,
Потпретседателот на Трамп, Џеј Ди Венс инвестираше во Румбл со седиште во Флорида во 2021 година, истата година кога Трамп се приклучи на платформата.
Rumble во 2023 година го оневозможи пристапот на корисниците во Бразил, затоа што мораше да почитува судски наредби за „отстранување на одредени креатори“, кои вети дека ќе ги оспори.
Платформата се врати на интернет во земјата претходно оваа година. Извршниот директор Крис Павловски преходно рече дека Бразил се движи во правец „да ја укине својата наредба за цензура на Rumble“, без да даде дополнителни детали.






