Сашко Радуловиќ од Миладиновци, објави апел за што поскоро да се најдат родителите на тригодишната Марија која ја пронашол изгубена.
Тој сподели апел со фотографија на девојчето по што „драмата“ завршила со среќен крај.
Објавата била споделена над 3.000 пати, беа оставени 1.800 коментари, а контактирани се безброј луѓе, се со надеж дека девојчето ќе биде вратено кај родителите што е можно поскоро.
Сашко повикал полиција, која дошла по повеќе од еден час по објавата и го однела девојчето во полициската станица во Неа Мудања.






