Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, била нападната во центарот на Копенхаген, соопшти нејзиниот кабинет.
Нападот се случил на плоштадот во центарот на градот. Маж и пришол и ја удрил. Напаѓачот е уапсен.
„Премиерката Мете Фредериксен вечерва беше нападната во Култорвет во Копенхаген од човек кој потоа беше уапсен. Премиерот е шокиран од инцидентот“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерката.
Нападот се случил на плоштад кој е пешачка зона во стариот дел на градот на данската престолнина.
Полицијата соопшти дека уапсила маж и го истражува инцидентот, но не соопшти повеќе детали.
Не е познато дали премиерката е повредена во нападот.
Мете Фредериксен, данска политичарка, беше избрана за премиер во јуни 2016 година како најмладата личност на таа позиција во данската историја.






