Додека револтираните граѓани денеска протестираа во Скопје по прегазувањето на младата девојка Фросина Кулакова на булеварот Партизански одреди, маж пешак бил прегазен во центарот на градот.
Возачот избегал, пешакот е повреден и е пренесен во болница.
– Денеска (31.1.2025) во 13.54 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот Кузман Јосифоски-Питу во Скопје патничко возило „цитроен“ удрило во машко лице, по што го напуштило местото на настанот. Повредениот пешак е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Полициски службеници од СВР Скопје преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на настанот – информираат од МВР.





