51-годишниот македонски државјанин бил на одмор со семејството во зимскиот центар. Тој починал на скијачката патека Шилигарник над Банско, јави дописникот на БГНЕС.
Се претпоставува дека причина за смртта на мажот бил срцев удар.
Локалната полиција соопшти дека нема видливи траги на насилство.
За пронајденото безживотно тело био пријавено вчера попладне, нешто по 16 часот.





