Подземните простории останати на местото на урнатиот мавзолеј на Георги Димитров ќе се пренаменат во музеј. Ова било одлучено од страна на Комитетот за култура на Општина Софија.
Просторот, кој е на три нивоа, станува филијала на Уметничката галерија на Софија.
Дури и пред уривањето на главната зграда имаше идеи за тоа да се сочува и да се користи за културни настани.
Мавзолејот на Георги Димитров беше уништен по неколку обиди во август 1999 година.
Георги Димитров (1882-1949) бил бугарски политичар, раководител на Бугарскатѕа комунистичка партија и на Комунистичката интернационала, како и премиер на Народна република Бугарија од 1946 до својата смрт.
Веднаш откако станал премиер, во декември 1946 во Бугарија бил спроведен попис на населението, а прв пат во историјата на Македонците во Бугарија им било дозволено слободно да ја изразат својата национална определба.





