Aлфа: На Деспотовски му е одземен пасошот – проневерил два милиона евра

Екс директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски остана без пасош. Според полициски извори на Алфа ТВ, оформен е предмет против Деспотовски за проневера на два милиони евра во развојните зони во Штип и Струмица. Како што пренесува медиумот, судот веќе му го одземал пасошот.



Претходно Основното јавно обвинителство соопшти дека има постапка и дека побарало од Судот мерки на претпазливост.

“Основното јавно обвинителство Скопје против наведеното лице води претходна постапка поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за одземање на патна исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост. Во предметот се уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Со цел да не се наштети на постапката, двете институции координирано ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа”, велат од ОЈО.