Луши: Даку треба да се суспендира од фудбалската репрезентација на Албанија, ако се потврди дека ги пцуел Македонците и Србите!

„Ук Луши, активист за албанската национална кауза од САД и поранешен војник на УЧК, изреагира преку општествената мрежа икс (поранешен твитер) во врска со видео-снимката на Мирлинд Даку, играч во фудбалската репрезентација на Албанија, на која се гледа кога тој ги поттикнува навивачите да ги пцујат Македонците. Луши вели дека Фудбалската федерација на Албанија треба да го истражи овој инцидент и бара Даку да биде суспендиран, ако се потврди дека ги пцуел Македонците и Србите.“објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.



ИНА ја пренесува објавата на Луши на мрежата икс: „Албанската фудбалска федерација треба да го истражи инцидентот со играчот Даку. Тој треба да биде суспендиран, ако се докаже дека извикувал навреди кон македонскиот и српскиот народ, поттикнувајќи ги навивачите да го направат истото. Играчите мора да бидат добри примери.“