Вџашувачко прашање упатува уредничката на Телма телевизија Снежана Лупевска Созен до Здружението на новинарите на Македонија откако организацијата се прости со вчера починатиот новинар Саше Димовски.
Во прашањето Лупевска Созен меѓу редови обвинува дека ЗНМ го исклучила Димовски од членство додека се борел за живот.
Уредничката на Телма прашањето го поставува на постот во кој ЗНМ изрази жалење за смртта на Димовски.
,,⚫️Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува длабоко жалење и сочувство до семејството и пријателите за загубата на нашиот колега Саше Димовски”, објави здружението на социјалната мрежа Фејсбук.
Во коментар Лупевска Созен прашува:
,,Не ви е срам што го исклучивте од ЗНМ додека се бореше за живот во Болница”.
ЗНМ засега молчи и не одговара ништо на прашањето на Лупевска Созен
Засега нема официјални информации дали, кога и зошто Димовски бил исклучен од ЗНМ.
Раководството на здружението пред да почине на најбезобразен начин му соопштило дека веќе не е член
https://www.expres.mk/%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%be%d1%82-%d1%81%d0%b0%d1%88%d0%b5-%d0%b4%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b4-%d1%81%d0%bc%d1%80%d1%82%d1%82%d0%b0-%d0%b1/







