„Ако мора да бирам меѓу Александар Велики и Киро Глигоров го бирам првиот“, пишува уредникот и сопственик на весникот на албански јазик Коха, Лирим Дулови.
Екс новинарот на телевизијата А1 ТВ вели дека Киро Глигоров е синоним на политиката на понижувањее и дискриминација против Албанците во таканаречената „Оаза на мирот“ каде што се кршеле основните човекови права.
Под команда на Киро Глигоров е усвоен првиот устав на РМ кој што според Дулови е генератор на сите подоцнежни кризи во земјава. Новинарот тврди дека Глигоров има одговорност за настаните во Радолишта, Илирида, Гостивар и сите други инциденти во кои настрадале Албанци а во негово време стотици илјади од нив ја напуштиле земјата која што со еден потег им го одземала државјанството и перспективата за нормален живот.
Дулови потсетува и на „Коридорот со Албанија“ во 1999 година со кој Глигоров сакаше бегалците од Косово кои што бегаа од српскиот терор да ги транспортира кон Албанија.
„Накратко, од Албанците Глигоров заслужува едно големо НЕ“, вели влијателниот новинар.





