По сите повреди и отсуства Линдзи Вон триумфира во Супер Џи трка од Светскиот куп во алпско скијање одржан денеска во Вал-д Изер. Зад 33 годишната Американката за која ова е прв подиум сезонава со поголем заостаток беа Италијанката Гоџија и Норвежанката Мовинкел.
Аксел Лунд Свиндал, пак, доминира од почеток во спустот, па не пропушти да слави и во Вал Гардена. Јанструд ја комплетира еден-два победата на Норвежаните, а трет беше Австриецот Франц.