Лимани: Замрсено е, но ќе биде растурено клопчето на бизнисите на внуците, зетовците, на сите сите, кои крадеа пари од буџетот!

„Алка по алка го прават синџирот, кој овојпат ќе биде сочинет од министри, кои го присвоија буџетот предвиден за училишни учбеници и за планираниот економски развој… Семејни хидроцентрали, каменоломи за внуци, вили за синови и ќерки, компании за зетовци, замоци и сараи за лидери, станови за пријателки, хотели и мотели за калуѓерки… Замрсено клопче, но малку по малку ќе биде растурено, бидејќи во спротивно нема да биде добро за нашето општество.“ – вели Фатмир Лимани, потпретседателот на Беса, која е дел од коалицијата Вреди, едновремено и внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, во објавата на својот фејсбук-профил, која ја наслови индикативно како „Духот на правдата“. Објавата на Лимани ја пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА. Преку фејсбук Лимани одреагира по информацијата дека е поднесена кривична пријава против Крешник Бектеши, поранешниот министер за правда, поради сомничење дека извршил кривично дело „Попречување на правдата“. Но, потпретседателот на Беса Лимани им навестува на Али Ахмети и на членовите на неговото семејно „бизнис-царство“ и на сите негови сега веќе поранешни државни функционери, дека ќе се соочат со прогонот и правдата сите меѓу нив, за кои ќе се докаже дека се вмешани во криминал и корупција.

Лимани дополнува: Списокот е долг и не може да се мине низ него во еден здив.
#СегаПочнуваБелјата