Next.e.Go, стартапот кој требаше да инвестира во фабрика во индустриската зона во Тетово, е ликвидиран, објавија германските медиуми. Ликвидацијата стана неизбежна бидејќи не можеше да се најде купувач кој ќе го преземе финансирањето додека новиот модел e.wave X не биде подготвен за производство,објаснува стечајниот администратор во писмото до трговскиот магазин „kfz- betrieb“.
Во средината на март 2024 година, e.Go мораше да поднесе барање за стечај по втор пат по 2020 година. Самата компанија го наведе „неповолното пазарно опкружување“ и нестабилноста на пазарот на електрични возила.
Кога во март беше објавена неликвидноста, се уште се зборуваше за 320 вработени, од кои дел веќе ја напуштија компанијата. Според информациите на „kfz-betreib“, останатите 200 вработени треба да бидат отпуштени „во блиска иднина“.
Инаку власта во заминување направи цела манифестација кога се потпишуваше договорот за изградба на електрични автомобили во Тетово. Изградбата на фабриката никогаш не ни започна, а од дирекцијата на ТИРЗ во март соопштија дека се запира извршувањето на договорот.





