„Скопски пазар“ му го продаде објектот на поранешен „Бриколаж“ кој се нао’а во Општина Гази Баба на германскиот синџир маркети „Лидл“, за сума од над 9 и пол милиони евра.



Доаќа ли „Лидл“ во Македонија

За зделката преку Македонската берза, информираше „Скопски пазар“, при што во објавата се вели дека станува збор за голема зделка за која котираните компании имаат обврска јавно да известат.

Во втората половина на јануари годинава „Лидл“ ја претстави својата најголема инвестиција во земјава, логистичкиот центар во близина на Куманово. Ова досега е највредна инвестиција на „Лидл“ кај нас со вкупна вредност од 80 милиони евра, којашто ќе отвори повеќе од 150 работни места.