Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски во ТВ дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан во вжештената дебата во еден момент прво сам влезе во сопствена замка по што се повлече пред политичкиот ривал.
Ковачевски прво изјави дека над 28 илјади потписи кои беа собрани за кандидатурата за претседател за Гордана Силјановска Давкова биле фалсификувани.
Ковачевски се повлече откако Мицкоски побара Ковачевски да не манипулира и посочи дека СДСМ има мнозинство во ДИК, дека може да ги провери сите потписи кои се депонирани заедно со потписите од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и го повика Јавното обвинителство да го истражи случајот.
Лидерот на СДСМ прво се повлече од обвинувањето дека се работи за фалсификат за подоцна да ретерира целосно изјавувајќи дека тоа што го рекол било ирелевантно прашање.
Овој дел од дебатата е околу 55 минута од видеото на овој линк






