„Имавме многу пријатна вечера со г-дин Заев, кој е овде приватно, бидејќи ние сме поврзани со лична врска“, рече градоначалникот Јанис Бутарис, по синоќешната вечера со македонскиот премер Зоран Заев.
Заев ја оствари најавата дека ќе вечера со Јанис Бутарис во Солун и покрај ретерирањето на солунскиот градоначалник, кој при посетата на Скопје во ноември, го покани македонскиот премиер на дочек на Нова година кај него во Грција, а пред два дена изјави дека – Заев сам се поканил.
Без оглед на „недоразбирањето“, македонскиот премиер изјави дека бил одушевен од вечерата со градоначалникот на Солун и посака добра година, пренесоа локални медиуми.
Според информациите за време на ручекот, Заев пројавил оптимизам дека работите ќе одат добро и дека ќе се најде решение за спорот за името во наредните шест месеци.
Истите извори потенцираат дека премиерот на Скопје ниту еднаш не го спомнал зборот „Македонија“.
На вечерата се служела морска храна, особено лигњи, октопод, салата и супа, придружени со бело вино „Кир Јани“(Κυρ Γιάννη).




