Лефков: Филипче и Заев ги врзува „крвавиот тендер“ за реагенси од 2018 година тежок 35 милиони евра

Венко Филипче и Зоран Заев ги врзува една силна врска, тоа се меракот за пари и коруптивни зделки. Да потсетиме овие двајца браќа по криминал и корупција уште во 2018-тата година се врзаа во еден скандал, едниот како премиер, другиот како министер. Имено во 2018-тата година Филипче го спроведе скандалозниот тендер за централизирана набавка на апарати и реагенси за лабораториите за испитување на крв во јавните здравствени установи низ цела Македонија. „Крвавиот тендер” на Филипче тежок 35 милиони евра предвидуваше монопол во набавката на реагенси, а сето тоа ќе го добиеше компанија формирана неколку месеци пред тендерот, истакна Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната прес-конференција.



Оваа компанија раководена од тотални анонимуси и без било какво претходно искуство за набавка или продажба на медицинска опрема, беше фаворизирана уште со самата тендерска документација.

Тој додаде дека Заев и Филипче мислат дека ако ја имаат СДСМ како заложник ќе може да ги уценуваат политичките процеси или да се пазарат со правдата и одговорноста.

– Се лажат. Одговорност ќе има, а народот веќе ги има прочитано што мостра се. Впрочем дереџето на кое се најде СДСМ во голема мера е резултат на Заев и Филипче и како тргнале да ја држат партијата во заложништво за личните интереси, така уште повеќе ќе ја тонат – порача Лефков.