Сончево и многу топло време, невообичаено за овој период од годинава се очекува денеска и утре.
Минималните утрински температури ќе се движат од 5 степени во Берово до 11 во Гевгелија, а максималните дневни од 20 во Маврово и 29 Целзиусови степени во Скопје.
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локални врнежи од дожд и грмежи. На одредени места врнежите ќе бидат поинтензивни и краткотрајно во форма на невреме, проследени со силен ветер и електрични празнења.
Минималните утрински температури ќе се движат од 3 степени до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 17 степени до 25 степени.
Веќе од понеделник се очекува променливо облачно и нестабилно време, со локални врнежи од дожд и грмежи. На одредени места се очекуваат и поинтензивни врнежи, проследени со електрични празнења и силен ветер.
Минималните утрински температури ќе се движат од 2 степени до 8 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 14 степени до 21 степени.






