Раѓањето на тројката Лена, Луна и Лазар во мигови на жалост за нацијата донесе радост во скопската населба Радишани општина Бутел.
Веста ја објави градоначалникот на Бутел Дарко Костовски чија општина дала помош за семејството.
Целата објава на Костовски:
❤️ ЛЕНА, ЛУНА, ЛАЗАР, ТРОЈКА ВО ОПШТИНА БУТЕЛ
Посебна чест денеска имав да ги примам тато Горан, хероината мама Наташа и трите прекрасни ангелчиња.
Морам да кажам дека во мојата работна просторија денеска имаше посебна енергија, од срце посакувам овие три прекрасни ангели да растат со тато и мама, да се живи и здрави и Господ да е постојано со нив !
Општина Бутел на ова благословено семејство ќе помогне со 120 000 денари, за мала помош во растењето на трите близначиња од Радишани, Општина Бутел.
БЛАГОСЛОВЕНИ ОД БОГА !






