Калинката (Punika granatum) е грмушеста овошка со низок раст на листопадни дрвца кои растат до 5 метри височина. Потеклото и е од Персија.



Плодовите се со големина од 5-12 см во дијаметар со заоблена шестоаголна форма во кој се наоѓаат околу 600 водести семки кои се со црвена до виолетова боја. Калинките се богати со природни хранливи и лековити материи. Во исхраната калинката најчесто се конзумира како свеж сок, желе, ладни и топли сосови, густ сируп кој е засладен и е добар како додаток во коктели, за вкус во колачи.

Лековити својства: Калинките личат на црвените крвни зрнца и имаат широк спектар на лековитост. Калинката односно нејзиниот сок содржи големо количество на антиоксиданти, кои го штитат телото од слободните радикали кои се наоѓаат во крвта. Богата е со витамини А, Ц, Е, Б5, калиум, фолна киселина и железо.

Една чаша сок од калинка го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Таа е една од малубројните растенија кои содржат материи слични на естрогените. Фитоестрогените од семките можат да ги намалат симптомите од менопаузата и постменопаузата, вклучувајќи ги и топлотните бранови. Многу студии докажале дека калинките го забавуваат развојот на ракот.

Кората од плодот најчесто се употребува за чај против дијареја и цревни паразити, една лажичка здробена кора се прелива со 200 мл врела вода, а поклопениот сад се остава да отстои 30 минути, потоа повторно кратко се проварува течноста, се процедува и откако ќе се излади се пие по 2-3 филџани дневно и тоа голтка по голтка.