Претседателот Левица, Димитар Апасиев, на вечерашниот народен собир во прилепското кино „Мис Стон“ најави поголем број гласачи да се определат за таа партија на парламентарните избори со што би освоиле и двоцифрен број пратеници.
„Резултатот од првиот круг реално беше очекуван, а сега очекуваме над 80.000 гласови и двоцифрен број пратеници за да може во идниот парламент да спречиме многу штетни политики“, рече Апасиев
„Очекуваме во изборната единица 4 да влезат минимум двајца, а може и трет пратеник. Резултатот од првиот круг, реално, беше очекуван, ако споредиме со изминатите парламентарни избори кога имавме 37.000, а сега имаме 42.000 гласови.
Очекуваме над 80.000 гласови на парламентарните избори што би донело 8 до 10 пратеници“ рече Апасиев.





