Левендис: „Македонците“ не се глупави да прифатат „Горна Македонија“

Василис Левендис, пратеник и лидер на грчката партија Унија на центристи, му порача на премиерот Алексис Ципрас дека „Македонците“, мислејќи на Грците што се нарекуваат така покрај сопственото грчко самочувство, не прифаќаат ново име на северниот сосед да биде Горна Македонија.



„’Македонците’ ви благодарат за Вашата понуда, но тие не се будали да ја прифатат“, изјави Левендис за најизвиканиот грчки предлог како да се вика Република Македонија.

Реакцијата на претседателот на партијата со седум пратеници во грчкиот Парламент се однесува на обраќањето на премиерот Ципрас во Солун, каде што спомна дијалог со институциите од градот, а „публика му беа министри на СИРИЗА, заменици, полицијата и владини претставници“.