Лидерката на ултрадесничарскиот Национален фронт на Франција, повика да се укине Европската унија и да се замени со „сојуз на европски нации“ на конгресот на екстремно десничарските партии во Прага, пренесуваат светските агенции.
Според Марин Ле Пен ЕУ да биде ликвидирана, бидејќи мигрантската политика на Унијата предизвикала катастрофа.
Мигрантската криза беше една од деликатните теми околу кои се развила жива дискусија и на минатонеделниот самит на ЕУ, особено околу квотите за прием на бегалци од Грција и Италија, земји кои се први на удар бегалскиот бран.
Унгарија, Словачка, Полска и Чешка се противат да преземат бегалци според утврдените квоти и велат дека својата солидарност можат да ја демонстрираат само со финансиски средства.
Европската комисија во екот на бегалската криза пред две години, подготви план според кој 160.000 баратели на азил требаше да бидат распоредени од Италија и Грција помеѓу сите земји-членки. Но, само 32.000 мигранти биле примени од другите членки на ЕУ.




