Битолската организација на Либерално-демократската партија (ЛДП) ја отворила дебатата дали да ѝ сврти грб на СДСМ и да се здружи со ВМРО-ДПМНЕ. Членови на ЛДП од Битола велат дека понудата била целосно политички непринципиелна, затоа што лидерката на партијата, Моника Зајкова, уште се гледа на билбордите со Димитар Ковачевски како коалиција со СДСМ.
Пред два дена на состанокот на ОО на ЛДП во Битола, претседателот Димитар Кузмановски пред триесеттина членови го отворил прашањето дали ЛДП треба да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, на што наишол на бурни реакции на поголем дел од присутните членови, иако имало и неколкумина поддржувачи, велат наши соговорници.
На дневен ред пред либералдемократите било прашањето – Понатамошно делување на ЛДП на политичката сцена?
Владе Атанасовски, поранешен секретар на ОО на ЛДП Битола и долгогодишен член на Централниот Одбор на ЛДП за „Независен“ вели дека претседателот на општинската организација, Кузмановски образложил пред присутните дека во комуникација со претседателката Моника Зајкова имале преговори со владејачката ВМРО-ДПМНЕ за коалиција и дека во тек е прецизирање на постапката. Но, како што вели Атанасовски, грото од членовите остро се спротивставиле на помислата, а не пак на можната коалиција. Според него, општинските организации не се надлежни да дискутираат за тоа прашање, туку тоа е одлука на Конгресот.
Целиот текст прочитајте го тука.





